1-4.6.2020 год.
План за работа за 1.6.2020 -5.6.2020
Содржини и активности за
работа за четврто одделение
|
|
Наставна содржина
|
|
Наставен предмет:
Природни науки
|
Вреднување на музичките инструменти
|
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
|
Истражува како може
да се промени
висината на тонот кај музичките
инструменти.
Мери температура, време, сила и должина
Проверува идеја или предпоставка врз основа на научно знаење и разбирање
|
Вовед во активноста
|
Индивидуална активност - на компјутер на дадениот линк учениците
разгледуваат рачно изработени инструменти
Индивидуална или работа во пар со член на семејството.
-изработка на музички инструмент.
Опрема за
изработка на музички инструменти, на пример: еластични траки со различна величина, најлонски ќесиња, кутиче за хартиени марамчиња, празни кутичиња од сладолед, празни шишиња со широки грла, вода, гумено
цревце, картон, итн.
Учениците ги евалуираат нивните музички инструменти и дискутираат за нив во круг на семејството..Што функционира добро?Што е проблематично кај инструментот?Дали ќе направите некои измени во вашиот дизајн? Зошто?
Помогнете им на учениците да ги довршат своите музички инструменти и да Ви покажат како тие функционираат и како може да им се промени висината на тонот.
|
Учениците може да се обидат да отсвират некое познато музичко дело на својот
инструмент и при тоа препознава промена на висина на
тонот кај музичките инструменти.
|
|
Линкови за активности
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Меил од наставникот
|
|
IVб одд onlinebutterfly4@gmail.com
|
|
IVв одд
|
26-29.5.2020 год.
План за работа за 26.5.2020 – 29.5.2020
Содржини и активности за
работа за четврто одделение
|
|
Наставен предмет: Природни науки
|
1.Промена
на висината на тонот кај жици
|
2. Промена на висината на тонот кај фрула (дувачки
инструменти)
|
|
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
|
- Истражува
како може да се промени висината на тонот кај музичките инструменти.
-Проверува идеја или
претпоставка врз основа на научно знаење и разбирање.
|
-Истражува како може да се промени висината на
тонот кај музичките инструменти
- Мери температура, време, сила и должина
- Проверува идеја или предпоставка врз основа на
научно знаење и разбирање
|
|
Вовед во активноста
|
Преслушајте
ги долу дадените линкови и забележете ја разликата во зависност од дебелината
на шиците односно висината на тоновите кај жичаните инструменти
Запишете го следново во тетратките:
Заклучок - колку е потенка
еластичната жица, толку повисока нота дава.
Колку е подебела жицата толку
подлабок тон дава.
|
Обидете
се да го направите обидот што е даден во учебникот на страна 131 и заклучокот
напишете го сами во тетратката.
|
|
Меил од наставникот
|
IVa одд
|
IV б одд:
|
|
IV в одд
|
18-22.5.2020 год.
План за работа за 18.5.2020 -22.5.2020
Содржини и активности за
работа за четврто одделение
|
|
Наставна содржина
|
|
Наставен предмет:
Природни науки
|
1.Запознавање со висина на тон
|
2.Идентификување звуци со различни
висини на тонот
|
|
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
|
Ja истражува висината на тонот
опишува колку е некој тон висок или низок и дека нискиот и високиот звук може
да бидат тивки или гласни.
|
Истражува како се создаваат звуците
кога осцилираат предмети, материјали или воздух и знае дека јачината на
звукот се мери во децибели
|
|
Вовед во активноста
|
Доколку сте во можност проследете ја
композицијата „Пецо и волкот“ од Сергеј Прокофиев со цел учениците да забележат високи и ниски тонови. Следи
разговор во врска со слушнатото.
Бидејќи на
часовите по музичко образование учениците имаат учено за динамика (се
потсетуваме дека стануваше збор за гласен или тивок звук т.е јачина
на звукот.
Со висината на тонот се опишува колку е висок или низок тонот.
Самостојно учениците да создадат
најразлични звуци: на пример, гласни и тивки звуци, и со ниски и високи
тонови итн. на компјутер во програмот Toolkid – звуци или на флејти.
Работа според барањата од стр.126 и 127.Пишување на кус план во тетратка.
|
Разговор за различните звуци што може да ги
слушме секојдневно. Некои звуци пак не може секојдневно да се слушнат, како
сирена на воз, дупчалка или шепот.
Заедно подредете
ги звуците од најтивки до
најгласни при што учениците да погодат колку децибели има
секој од звуците.
Јачината на звукот се
мери со децибели, а направата е наречена фонометар.
Како се користи фонометарот за мерење на звуци во
децибели. Има бесплатни апликации за
паметни телефони што нудат отчитување на јачината на звукот во децибели.
-Измерете ја јачината на звукот на различни предмети
што создаваат звук (на пример, хефталка, затворање на вратата, свиреж или сл.).
Заклучок : Има два вида на звуци, природни и вештачки, пријатни и непријатни, тивки
гласни . Настануваат кога нешто
вибрира и создава осцилации.
Работа
според барањата од стр.128 и 129.
Пополнување на стр.29 од работната
тетратка. Пишување
на кус план во тетратка.
|
|
Меил од наставникот
|
|
IVб одд onlinebutterfly4@gmail.com
|
|
IVв одд
|
11-15.5.2020 год.
План за работа за 11.5.2020 – 15.5.2020
Содржини и активности за
работа за четврто одделение
|
|
Наставен предмет: Природни науки
|
1.Колку добро
патува звукот ИКТ
|
2. Повторување за звук и како тој патува
|
|
Според целите на програмата за прво одделение
ученикот/
учениците
|
- Истражува
како звукот патува низ различни материјали до увото.
-Предлага
прашања за проверување, дава претпоставки и ги споделува со останатите.
-Осмислува фер тест и планира како да собере
доволно докази.
|
- Предлага прашања
за проверување, дава претпоставки и ги споделува со останатите
|
|
Вовед во активноста
|
Учениците треба да истражуваат и да дискутираат за
променливите што може да ги променат, потоа нека истражуваат
како да го изработат најдобриот телефон со врвца (материјал од кој ќе биде
изработена „слушалката“, материјал од кој ќе биде изработена врвцата и
должината на врвцата).
Изработете
телефон од две чашки и врвца и разговарајте.
Понудени
интернет страни поврзани за темата:
|
Според
дадените насоки на листовите дадени подолу повторете за звук и направете
презентација за истото (може да биде како објаснување или во вид на квиз
прашања со дадени точни одговори)
|
|
Меил од наставникот
|
IVa одд
|
IV б одд:
|
|
IV в одд
|
4-8.5.2020 год.
План за работа за 4.5.2020 -8.5.2020
Содржини и активности за
работа за четврто одделение
|
|
Наставна содржина
|
|
Наставен предмет:
Природни науки
|
Како патува звукот
|
Намалување на
јачината на звукот
|
|
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
|
Истражува како звукот патува низ различни
материјали до увото
Објаснува што покажуваат доказите и дали тие ги
потврдуваат претпоставките.
Јасно им го пренесува тоа на останатите.
|
Истражува можност на некои материјали за ефективно
спречување на звукот да патува низ нив
Умее да осмисли и планира истражување (при исти услови)
и да собира доволно докази
Претставува резултати од истражувањето со: скица, линиски дијаграм, со табела
|
|
Вовед во активноста
|
Се потсетуваме што научиле од претходната лекција преку
прашања: Што учевме? Што е звук? Како се создава?
Важно е сите ученици да знаат дека звукот се создава од осцилации.
Ги
прашувате учениците како слушаат? Слушаме затоа што имаме уши. Како звукот
доаѓа до нашите уши за да го слушнеме? Важно
е да знаат -Звукот се создава од осцилации . Гласот на говорникот патува низ воздухот
до нивните уши. Слабите осцилации
создаваат тивки звуци. Силните осцилации создаваат гласни звуци. Гласноста на звукот е
мерка колку некој звук е гласен
или тивок. Гласноста на звуците ја изразуваме во децибели.
Можеме да
употребиме фонометар за
да ја измериме гласноста на звукот.
( фонометарот е на слика од учебник).
Се поставува
прашањето:
Дали звукот може да
патува низ нешто друго ?
Следува истражување од стр. на ученикот и следење на
нивната работа.
-Истражува со мало радио( звук од мобилен) како
патува
звукот низ воздух.
Истражува со музичка детска играчка.
Истражува со часовник .
Барање од учениците да
претпостават дали звукот на предметот ќе патува низ стакло, хартија, метал,
вода, воздух или дрво и тн.
Учениците може да ги запишат своите претпоставки.
Потоа секој
од нив ќе го стави предметот
во најразлични садови (хартиено ќесе, стаклена тегла, најлонско ќесе во вода,
кутија од чевли полна со весници и метален сад). Учениците ги набљудуваат
сите ситуации и кажуваат дали сеуште јасно можат да го слушнат звукот.
Дискусија Кој материјал најдобро го придуши звукот?
Дали вашето предвидување се покажа како точно?
Резимираме
дека звукот може да патува низ цврсти материи, низ течности и низ гасови,
иако некои средини овозможуваат подобро патување на звукот од други.
Некои материјали добро го придушуваат звукот а
некои не.
Учениците да проверат низ кој
материјал најдобро патува звукот и да напишат кус план според содржините од стр.118-121.
|
Дискусија и надоврзување на сознанијата за децибели,
според содржините од стр.124 и 125.
Разговор за начини за ефикасно намалување на
интензитетот на звукот, во истражувачки активност и фер тест. Искажување
заклучоци и резиме од текот на часот.
Начини на мерење на гласност на звукот со
фонометар и заштита од преголема бучава.
Запишување на краток план во
тетратката.
Одговарање на прашањата за
звучната изолација од стр.125.
|
|
Меил од наставникот
|
|
IVб одд
onlinebutterfly4@gmail.com
|
|
IVв одд
|
27-30.4.2020 год.
План за работа за 27.4.2020 – 30.4.2020
Содржини и активности за
работа за четврто одделение
|
|
Наставен предмет: Природни науки
|
1. Запознавање со звук
|
2. Гласни и тивки звуци
ИКТ
|
|
Според целите на програмата за прво одделение
ученикот/
учениците
|
- Истражува како се создаваат звуците кога
осцилираат предмети, материјали или воздух и знае дека јачината на звукот се
мери во децибели.
- Собира докази во најразлични контексти.
|
- Истражува како се добива звукот, како осцилираат предмети, материјали воздух и знае дека јачината на звукот се мери
во децибели
- Претставува резултати со цртежи, графици со
столбчиња и табели
|
|
Вовед во активноста
|
Започнете
со произведување на најразлични звуци, детето внимателно да слуша, а потоа и
разговарајте, што слуша, каков е звукот, кое е сетило за слух и како слушаме.
Препишете го планот во тетратката:
ЗВУК
2.Звукот се
создава само ако нешто вибрира. Телото што вибрира, ги движи честичките во воздухот. Тие наизменично се
згуснуваат и се разредуваат при што настануваат лонгитудинални бранови .
3.Тие бранови се шират низ воздухот и кога ќе стасаат
до увото ги регистрираме како звук.
4.Вибраците се движат низ воздухот низ материјалите се
додека не стигнат до нашите уши.
5.За да настане звук потребно е тело што осцилира и
еластична средина низ која може осцилирањето да се пренесува. Тело што произведува звук се вика звучен извор - (тврдо , течно или гасовито).
6.Осцилациите а со тоа и енергијата од изворот на звукот
се шират во вид на звучни бранови.
7.Секаде сме опкружени со звук:
8.Извори на звуци:музиката,говорот ,сообрачајниот
метеж, лаењето на кучињата,пеењето на птиците,жуборењето на реката.....сето
тоа е звук.
Проследете ја презентацијата за
звук дадена подолу.
|
Повторете
накусо за звукот. Потоа зборувајте тивко, а потоа гласно. Детето нека направи
разлика помеѓу тивкото и гласното зборување. Запишете во тетратка:
Гласни и тивки звуци
1.Постојат гласни и тивки звуци.
2.Јачината на звукот се мери со децибели, а направат е наречена фонометар.
Доколку
сте во можност истражувајте на интернет за звуците и за фонометарот.
|
|
Меил од наставникот
|
IVa одд
|
IV б одд:
|
|
IV в одд
|
https://docs.google.com/presentation/d/1CHEs26wk3G7XHD1E2EnvXe3nsgy6jC3fxn6qQ6uCfbs/edit#slide=id.p1
21-24.2020 год.
Природни науки - Скелет и мускули
Стиснете подолу на дадениот линк и логирајте се со име и презиме на ученикот (задолжително) и password:12345 и започнете со решавање на тестот (Природни науки - Скелет и мускули). Читајте ги внимателно барањата и понудените одговори.
Напомена: Имате право само на едно логирање и решавање на тестот (Природни науки - Скелет и мускули) во времетраење од 40 минути, со стискање на копчето submit односно крај го затворате тестот и резултатите ги добивате веднаш, а истите ги добиваме и ние наставниците како повратна информација. Ве замолуваме помогнете им само при логирање и отворање на тестот, а потоа оставете ги учениците самостојно да го решаваат истиот.
testmoz.com/2906774
testmoz.com/2906774
План за работа за 21.4.2020 -24.4.2020
Содржини и активности за
работа за четврто одделение
|
|
Наставна содржина
|
|
Наставен предмет:
Природни науки
|
21.4.2020
Вакцинација ИКТ
|
23.4.2020
Повторување за мускули и движење
|
|
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
|
21.4.2020
Да разбере зошто луѓето започнале со вакцинација;
Да сфати како работи вакцината; Да го увиди влијанието на имунизацијата
врз одредени болести;
Да изработи постер - флаер на кој
ќе бидат опишани рзлични видови на вакцини
|
23.4.2020. Знае дека луѓето (а и некои
животни) имаат коскен скелет во внатрешноста на своите тела
Знае дека скелетот
расте со растењето на човекот и го држи и заштитува телото
Знае дека мускулот
мора да се собере за да ја придвижи коската и дека мускулите работат во
парови
|
|
Вовед во активноста
|
21.4.2020
На почетокот поведете разговор со децата дали знаат што е тоа вакцина и
кога досега го слушнале тој збор.Знаете ли име на некоја вакцина којашто
луѓето ја примаат или пак некоја што вие сте ја примиле.
Поимот вакцина и потребата од вакцинирање, начинот на
примање на вакцина, заразни болести за кои се прима вакцина, траење на
заштитатa од вакцината, ревакцинација, национален
план за имунизација, картон за имунизација
Имуниот систем е
супер херојот кој го штити нашето тело од натрапници коишто сакаат да го
нападнат. Вакцините работат со нашиот имунитет за да не заштитат од мали
сипаници, заушки, детска парализа и други болести. Таа е како негово тајно
оружје кое во телото се бори против разни болести. некои од натрапник кој е
близок до вистинскиот од таа бактерија или вирус кој што сакаме да го
победиме. Во ниедна вакцина нема толку натрапници колку што се потребни за да
се разболиме. Во вакцината има толку натрапници колку што е потребно за да го
натера имуниот систем да почне да создава војници (антитела) кои ќе се борат
против болеста. Во најголем број случаи овие војници остануваат активни во
телото на тој што примил вакцина цел живот. Во некои случаи има потреба од дополнителни
вакцини дадени на одредено време.
Најчесто децата
во првите 10 години од животот примаат неколку вакцини, од кои повеќето пред
да наполнат 1 година.
·
Следниве вакцини:
-
Полио (детска парализа)
-
ММР ( мали сипаници, заушки, рубеола)
-
ДТП (дифтерија, тетанус, пертусис)
-
Хепатит Б
-
Варичела (сипаници)
·
Потоа децата одбираат една од вакцините запишани
предходно и ќе треба да направи флаер
со кој ќе ја едуцира јавноста за одбраната вакцина. На постерот треба да имаат што е можно повеќе одговори на следниве
прашања:
-
За која болест е
наменета вакцината?
·
Опиши ја болеста која
оваа вакцина ја спречува: Кои се симптомите?; Кој е најподложен на таа
болест?; Дали оваа болест е предизвикана од бактерија или вирус
Вакцината му помага на нашето тело
да создаде анти- натрапници (антитела) или други мали војници (клетки, кои се
борат со антигените) кои ќе се борат со бактериите и вирусите. Некогаш нашето
тело само создава вакви војници (антитела), но се случува тие да не се
доволни за да се борат со сериозна болест како што е детска парализа.
-
Вакцината е направена
од самите тие лоши натрапници (антиген од бактерија или вирус) кои ја
предизвикуваат болеста. Некои вакцини
користат ослабнати натрапници (антигени), некои од уништен натрапник, а Кој
треба да биде вакциниран? Кој не треба да биде вакциниран?
-
Како делува (работи)
оваа вакцина? Колку често треба да се вакцинираме со оваа вакцина?
-
Кои се можните не
сакани дејства од вакцината?
-
Напиши некои интересни
факти за вакцината.
·
Секоја ученик да ги
следи прашањата кои ќе им помогнат да дојдат до одговори.
·
Да размислат за која група на граѓани ќе го наменат
флаерот (пр: родители, бремени жени, тинејџери, деца на нивна возраст).
Откако ќе решат за кого ќе го прават ги советувам да користат речник и слики кои
ќе бидат соодветни за возраста на граѓани на која го наменуваат.Исто така да
размисат каде би можеле да го
истакнат постерот за да може публиката на која им го наменуваат да го прочита.
·
Кога ќе завршат со
работа секој го презентира својот постер.
Даваат кратка презентација пред семејството за вакцината за која
работеле.
·
Ако децата се
заинтересирани за ризиците кои ги носи вакцинацијата самостојно да истражуваат на таа тема. Кои
се проблемите кои се поврзуваат со вакцините? Кои се препораките за
спротивставување на овие ризици? Потоа може да се размислува за тоа дали
некои вакцини треба да се задолжителни.
·
Прашања за дискусија:
-
Зошто е важно да се
вакцинираме против ретки болести?
-
Размислете за тоа што
го откривте. Зошто повеќето од вакцините се даваат во првата година од
животот:
Дали мислите дека во
иднина ке се измислуваат нови вакцини?
Дали децата знаат за ситната сипаница? Ситната
сипаница некогаш се сметала за најстрашната болест. Предизвикана од вирус кој
се ширел брзо од човек на човек, фатални последици имала над милиони луѓе.
Широката примена на вакцина против неа со тек на време ја запрел
болеста.Учениците да истражуваат за историјата на болеста, првите појави на
епидемија, раното вакцинирање , првата успешна вакцина и денешните грижи за
малата сипаница Резултатите да им бидат сумирани под наслов „ Едвард Џенер и откритието на вакцината“(ова
е по желба кој сака)
Читање на податоците за вакцините од стр.108 и
пополнување на крстозборот од стр.109.
|
23.4.2020. Следува самостојно
одговарање на дадените прашања од тестот за проверка на знаењата кој се
состои од дополнување и заокружување
на одговорите во кои треба да:
-Знаат
дека луѓето (а и некои животни) имаат коскен скелет во внатрешноста на своите
тела;
-Знаат
дека мускулот мора да се собере за да ја придвижи коската;
- Знае дека скелетот расте со
растењето на човекот и го држи и заштитува телото;
-Знае дека мускулите
работат во парови;
- Ја објаснува улогата на лекарствата и нивна правилна
употреба
|
|
Меил од наставникот
|
|
IVб одд onlinebutterfly4@gmail.com
|
|
IVв одд
|
https://docs.google.com/presentation/d/11eMX7tQA0fvYzzLrXo0iDbs9jZlYmJfQEHaBHecQEoc/edit#slide=id.p1
https://docs.google.com/presentation/d/1p6DhQ3bMX1Dr3iowj1tz7R4yl71QJhOXGrLPVbKGu_s/edit#slide=id.p1
6-10.4.2020 год.
План за работа за 6.4.2020 -10.4.2020
Содржини и активности за
работа за четврто одделение
|
|
Наставна содржина
|
|
Наставен предмет:
Природни науки
|
6.4.2020
Мускули и
движење -повторување
|
9.4.2020
Улога на лековите
|
|
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
|
6.4.2020
-Знае дека мускулот мора да се собере за да ја
придвижи коската и дека
мускулите работат во парови.
|
9.4.2020 Ја објаснува улогата на лекарствата и нивната правилна употреба.
|
|
Вовед во активноста
|
6.4.2020
Повторете ги знаењата за скелет и мускули.Повторување на наученото од претходниот час со користење на илустрации на мускули и на скелет.
Потоа учениците
самостојно да ги пополнат барањата од работната тетратка на стр.22,23 и 24.
|
9.4.2020.
Да научиме како се употребуваат лекарствата кога сме болни преку
содржините од стр.106 и 107 од учебникот.
Кога ни требаат и каде може
да најдете лекарства?
Да се запознаеме со поимот лек и потребата од негова употреба, начинот
на примање на лековите, за тоа дека некои лекарства може да помогнат во ублажување симптоми (на пример, имаме лекарства против кашлање), додека некои може да помогнат во лекување болести (на пример, антибиотици), за начинот на подготовка на лекарствата ,за тоа
како може да се примаат лекарствата.
• Иако лекарствата се безбедни за користење, многу е важно внимателно да се следи упатството за користење.
• Разговарајте за разликите меѓу лекарства на
рецепта и што е подеднакво важно да се следат советите на докторот за лекарството издадено на рецепта, и да се следи упатството за користење на лекарството купено од продавница (без рецепта).
•За да бидат безбедни во користењето на овие лекарства треба да се чуваат на безбедно место, да земаат само лекарства што им се препишани од лекар, јасно
да биде означено лекарството, итн.).
Лекарства што може да се купат во продавница. Повторно, кажете им на учениците дека е подеднакво важно, и да се следат советите на докторот за лекарството издадено на рецепта, и да се следи упатството за користење на лекарството купено од продавница (без рецепта).
• Потоа, учениците може да напишат неколку препораки за тоа како да бидеме безбедни во користењето на лекарствата.
Со дополнување на речениците од.стр.107
доаѓаме до планот кој го запишуваат учениците во тетратка.
|
|
Меил од наставникот
|
|
|
|
IVв одд
|
https://docs.google.com/presentation/d/1cozVvVBD9Jl_-AgIqRXwfu8bArssaYgoAt-3osOGjpk/edit#slide=id.p1
https://docs.google.com/presentation/d/1uhLeUpgfFZmpoMUSARxpq_1eVI1TU0jtMhjcBehpmBk/edit#slide=id.p1
https://docs.google.com/presentation/d/1zP_zUAQUVNwL5diu0NmwcoVq7KmKNq7Ejde6y5CRpts/edit#slide=id.p1
План за работа (30.3-3.4.2020)
Содржини и активности
за работа за четврто одделение
Изработија: Вера Крстевска, Зорица Атанасовски
|
|
Наставна содржина
|
|
Наставен предмет:
Природни науки
|
Како се движиме ИКT
|
Мускули и движење
|
|
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
|
Знае дека на животните со скелет, коските им се
обвиени со мускули.
|
Собира докази во најразлични контексти.
|
|
Согледува како се
движат животните.
|
|
Вовед во активноста
|
Во тетратките по природни науки да го препишат планот даден подолу.
Погледнете ги внимателно дадените презентации.
Потоа на интернет пронајдете човечко тело (коски и мускули) разгледајте
и поразговарајте за тоа како се движиме.
Пополнување на наставните листови.
|
План:
https://docs.google.com/presentation/d/1JKWC33yusFdixLwOEyKIu6o7xcEiyS_wz3bMTF_HW4w/edit#slide=id.p1
https://docs.google.com/presentation/d/18JHGQ1RV6kZZKKC2MaaHV9Ii-8zxU_w17Eju36dMxKI/edit#slide=id.p1
План за работа од дома
Содржини и активности
за работа за четврто одделение
|
|
Наставна содржина
|
|
Наставен предмет:
Природни науки
|
|
24.3.2020
Раст на скелетот 2
|
|
25.3.2020
Скелет-
Повторување
|
|
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
|
|
24.3.2020
Сите мора:да знаат
Дека коските на возрасен човек и дете се разликуваат во големината. Повеќето можат:
Да ги споредат
големините на главните коски кај возрасен и дете
|
|
25.3.2020
Сите мора:да знаат
Дека коските на возрасен човек и дете се разликуваат во големината. Повеќето можат:
Да ги споредат големините на главните коски кај
возрасен и дете
|
|
Вовед во активноста
|
|
24.3.2020
Повторете си се до сега што се учеше па да
повториме и да се провериме.
|
|
Меил од наставникот
|
|
IVб одд
|
|
|
Скелет - повторување
Стиснете подолу на дадениот линк и логирајте се со име и презиме на ученикот (задолжително) и password:12345 и започнете со решавање на тестот (скелет - повторување). Читајте ги внимателно барањата и понудените одговори.
Напомена: Имате право само на едно логирање и решавање на тестот (скелет - повторување) во времетраење од 40 минути, со стискање на копчето submit односно крај го затворате тестот и резултатите ги добивате веднаш, а истите ги добиваме и ние наставниците како повратна информација. Ве замолуваме помогнете им само при логирање и отворање на тестот, а потоа оставете ги учениците самостојно да го решаваат истиот.
testmoz.com/2575907
testmoz.com/2575907
16.3.2020 год. ПОНЕДЕЛНИК
Коските во човечкото тело
-Знае дека луѓето (а и некои животни) имаат коскен скелет во внатрешноста на своите тела;
- Предлага идеи, предвидува и дискутира за нив.
Учениците се потсетуваат дека човекот и некои
животни имат коскен скелет во своето тело. Ги повторуваат имињата на деловите од
скелетот од предходниот час: череп, ‘рбет, карлица, ребра и при тоа истите ги покажуваат каде се наоѓаат на своето тело.
Потоа го пополнуваат наставниот лист.
17.3.2020 год. ВТОРНИК
Функција на скелетот ИКТ
-знае дека луѓето (а и некои животни) имаат коскен скелет во внатрешноста на своите тела;
-претставува размислувања за функцијата на скеелтот преку сложување на коските на празна слика и знае кои органи ги штити одредена коска.
Сите ученици треба да знаат дека трите функции на скелетот се: да ги штити органите, да го држи телото исправено и да му помага на телото во движењето и тоа го запишуваат во тетратката по природни науки. Поразговарајте за тоа кои коски ги штитат кои органи (на пример, черепот го штити мозокот).
Погледнете ја презентацијата на линкот подолу.
https://docs.google.com/presentation/d/1TTQ0g4nM0xLxGW0EKUDP74RPXtR2XJGu6UockSLQ3KM/edit#slide=id.p1
Самостојна работа на наставен лист.
18.3.2020 год. СРЕДА
Раст на скелетот 1
-извлекува заклучоци од резултати и почнува да користи научно знаење за објаснување
Потсетување за трите функции на скелетот. Да измерат долга коска на пример надлактица кај себе и надлактица кај еден родител и да направат споредба. Погледнете ја презентацијата.
https://docs.google.com/presentation/d/1K0sE3SJ0NJ5_Tp97oHVzKdPwaArrtcQf2DnXRImpnm4/edit#slide=id.p1
No comments:
New comments are not allowed.