ОПШТЕСТВО


8-10.6.2020 год.

План за работа за 8.6.2020 – 10.6.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставен предмет: Општество
1. Невработеност, зависности и насилство – предлози за разрешување-набљудување
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
- Да се оспособува да ги препознава  најзначајните јавни прашања и проблеми во општината и да дава предлози за разрешување.
-Да се оспособува да стекне сознание за невработеноста, зависности и насилство.
Вовед во активноста
Истакнуваме дека проблеми во општината се невработеноста, насилство и зависностите. На оваа тема со учениците разговарате и давате предлози за разрешување на овие проблеми.
Меил од наставникот
IVa одд

IV б одд:

IV в одд


1-4.6.2020 год.

План за работа за 21.4.2020 -24.4.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение


Наставна содржина

Наставен предмет:


Општество



Повторување на изучениот материјал по општество


 Проверка на стекнатите знаења-усно




Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
Да се оспособува да ги повторат содржините од темата. Да се оспособува да  одговараат на прашања.

Да се оспсобува да ги повторат содржините од сите теми. Да се оспособува да  одговараат на прашања усно со целосни и јасни одговори.

Вовед во активноста

.


Преку прашања и одговори повторување на темата со цел стекнатите знаења, умеења и способности да останат трајни и да се применуваат во секојдневниот живот.Повторување на изучената тема.

Преку прашања и одговори повторување на изучените теми со цел стекнатите знаења, умеења и способности да останат трајни и да се применуваат во секојдневниот живот.Повторување на изучените теми од учебник и тетратка.

Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com


IVб одд       onlinebutterfly4@gmail.com



IVв одд









26-29.5.2020 год.

План за работа за 26.5.2020 – 29.5.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставен предмет: Општество
1.Повторување на изучениот материјал по општество
2.Повторување на изучениот материјал по општество
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
- Да се оспсобува да ги повторат содржините од темата.
-Да се оспособува да  оговараат на прашања.
Вовед во активноста
Повторувајте го изучениот материјал според напишаните планови во тетратката.
И доработете ги содржините во работната тетратка.
Меил од наставникот
IVa одд

IV б одд:

IV в одд



18-22.5.2020 год.

План за работа за 18.5.2020 -22.5.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:
Општество
1. Особини на лидерот
2.Играње улоги – Симулација на избори за градоначалник

Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците

- Да се оспособува да ја сфаќа улогата на лидерството.
Запознавање- осознавање на процесот на избор на градоначалник преку симулација на избори на градоначалник;
Вовед во активноста

Читање на составот од минатиот час „ Јас лидер“ пред членовите на семејството.

    Разговор со учениците како тече избирачкиот процес за избор на градоначалник
 Симулација на избори за градоначалник – учениците се ставаат во различни улоги и глумат различни улоги (избирачи, изборна комисија, гласачки кутии). Извлекување заклучоци..
Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

IVб одд       onlinebutterfly4@gmail.com


IVв одд




11-15.5.2020 год.

План за работа за 11.5.2020 – 15.5.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставен предмет: Општество
1.Демократскиот живот во општината-Демократија
2. Особини на лидерот-набљудување
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
- Запознавање со демократски принципи и начини на нивна имплементација во училиште, развивање на свесност и осетливост за важноста на демократските принципи, особено учеството на учениците во развивањето на демократијата во училиштата;
апознавање со демократски процедури за донесување одлуки (консензус).
- Да се оспособува да ја сфаќа улогата на лидерството
Вовед во активноста
Во тетратката започнете со Бура  на  идеи  за  демократија  -  иницирање  на  размислувања  околу темата.   
Потоа објаснете го поимот демократија и разговарајте за демократијата во општината.
Запишете:
1.Демократија е поим што означува владеење на народот, односно народот ја избира власта, на слободни и демократски избори и на тој начин владее преку избраните пратеници.
2.Пратениците во Собранието на Република Македонија ги застапуваат интересите на граѓаните, ја избираат и ја контролираат Владата.
3.Претседателот на државата на партијата која ќе добие најголем број пратеници дава мандат да формира Влада на Република Македонија. 4.Мандатарот поднесува програма до Собранието и предлага Влада на Република Македонија.


Разговор за демократијата во општината.
Започнете со истражување и разговор за тоа што е лидер и што треба да поседува еден лидер. Тоа запишете го накусо во тетратката. Ученикот нека напише кус состав на тема „Јас лидер“.
Меил од наставникот
IVa одд

IV б одд:

IV в одд


4-8.5.2020 год.

План за работа за 4.5.2020 -8.5.020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:


Општество

Културниот живот во општината-повторување


Културна институција во општината

Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
-да се запознае со културниот живот во локалната заедница
Да се оспособува да го прошири своите 
знаења за локалната самооуправа. т.е  да се 
запознае со најважните стопански и нестопански 
дејности во локалната заедница -
културна институција во општината.
Вовед во активноста

Објаснување на поимот култура и културни настани. Разгледување на фотографии од интернет и разговор за културните настани во нашата општина. Културното лето ,, Три круши ,, Празник на општината КВ – Ѓурѓовден.Го составуваме и запишуваме планот според  прочитаното од учебникот на   стр. 76

Повторување  за поимот култура како начин на облекување на луѓето, нивните обичаи при склопување на брак, семејниот живот , религиозната определеност и начинот на однесување
 Исто така се разговара за подготовки за некоја културна манифестација (прославата на нашата општина која се реализира секоја година  на 6 мај- Ѓурѓовден.
Учениците имаат за задача да напишат состав за една културна манифестација или за една од традициите во нашата локална заедница..
Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

IVб одд       onlinebutterfly4@gmail.com


IVв одд



27-30.4.2020 год.

План за работа за 27.4.2020 – 30.4.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставен предмет: Општество
1.Комунални дејности -обработка- ИКТ

2. Културниот живот во општината-обработка

Според целите на програмата за прво одделение
ученикот/
учениците
- да се запознае со комуналните дејности во локалната заедница


- да се запознае со културниот живот во локалната заедница
Вовед во активноста
Разговарајте за комуналните дејности во нашата општина, слушнете го мислењето на децата во врска со темава. Запишете го планот во тетратката.

Комунални дејности
1.Во општините постои посебна служба која се грижи за собирање на сметот-отпадокот од контејнерите. Тоа е посебна служба за комунални дејности. 2.Отпадот го носат до одредено место наречено депонија.
Порака: Убавата и чиста средина е должност и обврска на сите нас. Истражување на интернет за депониите и рециклирање на отпадот.

Во тетратката започенете со техниката „Бура на идеи“ за поимот КУЛТУРА. Децата да напишат најмалку 5 поими.
Потоа објаснете им што е културен живот и пронајдете информации за културниот живот во нашата општина. Податоците запишете ги во тетратка како кус план.
Меил од наставникот
IVa одд

IV б одд:

IV в одд



21-24.2020 год.

План за работа за 21.4.2020 -24.4.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:


Општество


21.4.2020
Фирми, претпријатија-обработка
24.4.2020
Работа, вработување, денари, трговија-обработка

Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
21.4.2020
Да се оспособува да го прошири своите знаења за
локалната самооуправа. т.е  да се запознае со најважните
 стопански и нестопански дејности во локалната заедница,
фирмите и претпријатијата

24.4.2020
-сфаќање на значењето на работата за човекот; познавање на паричните единици во Македонија; запознавање со поимот трговија
Вовед во активноста
21.4.2020
Повторување за стопански и нестопански дејности
Читање на текстот од стр.73 и изработка на
         План:
1.Возрасните во општината одат на работа и се занимаваат со разни дејности.
2.Дејноста на жителите зависи од изгледот на местото во кое што живеат и од неговите богатства.
3.Луѓето работат во:
а)Институции:  болници, училишта, градинки, пошти и сл.
б)Земјоделство: полјоделство, овоштарство, сточарство во подрачјата со плодна земја.
в) Рудници кои се наоѓаат во ридско-планинските предели од каде луѓето вадат руди, но постојат и фабрики кои ги преработуваат рудите;
г)Занаетчиски работилници: чевлари, браври, златари, фризери, кројачи и др.
д)Трговија- продажба на готови производи;
ѓ) Туризам
е)Сообраќај

24.4.2020.
Повторување за економскиот живот во општината.
Читање на текстот од стр.74 и изработка на
                   План:
1.Во својата општина луѓето се занимаваат со различни дејности.
2.Вработените граѓани добиваат надоместок – плата.
3.Парите служат како средство за плаќање.
4.Во РМ парите се нарекуваат ДЕНАРИ.
5.Постојат ковани пари – монети и хартиени пари – банкноти.
6.Трговија е нестопанска дејност која се состои во купување и продавање на стока.

Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

IVб одд       onlinebutterfly4@gmail.com


IVв одд


6-10.4.2020 год.

План за работа за 6.4.2020 -10.4.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:


Општество


7.4.2020
Посета на седиштето на  локалната заедница-истражување
10.4.2020
Идеи за подобрување на животот во општината

Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
Да се оспособува да знае основни податоци и информации за својата општина
Да се оспособува да ги препознава главните органи на локалната заедница. Да се оспособува да знае што е тоа граѓанин како член на локалната заедница. Да се оспособува  да учествува со идеи и предлози за подобар живот на  својата општина.
Вовед во активноста

Со посета на општината беше планирано учениците да се запознаат со  основни податоци и информации за својата општина. Бидејќи посетата  од оправдани причини не може се реализира  ќе дојдат до податоци и информации преку истражување.

Кусо  повторување на претходната наставна единица преку прашањата: Што е општина? Што се спроведува во неа? Што е граѓанин? Што треба да има секоја општина? Како се вика оштината во која ние живееме? Учениците имаат задача да истражат, пронајдат податоци за својата општина  Кисела Вода.(на интернет)

-Нејзина географска местоположба во градот Скопје, кога таа е формирана, податоци за број на население, податоци за градоначалник на општината, како го добила името општината, да ги опишат знамето и грбот на општината.

Сите овие податоци добиени од истражувањето за општината  учениците ги запишуваат во своите тетратки.

Пополнување на барањата од вежбанката по општество на стр.32

Размислете  што би можеле да подобриме за поубав живот во нашата општина.Учениците посочуваат  одредени проблеми кои ги воочиле досега.
 Учениците  предложуваат најразлични идеи за подобрување на животот во општината. Идеите ги запишуваат во тетратка.
Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

IVб одд       onlinebutterfly4@gmail.com

IVв одд





План за работа од дома
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение
Изработија: Вера Крстевска, Зорица Атанасовски

Наставна содржина
Наставен предмет:


Општество

Граѓанин-обработка
Органи на општините-обработка
Вовед во активноста
Граѓанин-обработка
Објаснување и усвојување на поимите граѓанин, здруженија на граѓани и референдум, како и нивното функционирање. Следи синтетизирање на знаењата во вид на план.
1.Секој жител на општината треба да биде активен граѓанин во својата општина со цел подобрување на животот во неа.
2.За да функционираат успешно граѓаните формираат здруженија на граѓани.
-Проблемите ги изнесуваат преку давање предлози и идеи, преку собири на граѓани, преку гласање.
3.Секој граѓанин кој наполнил 18 години има право на глас.
4.Преку референдум  (гласање  граѓаните одлучуваат за прашања кои се однесуваат на нивната населба. (да се напише планот во тетратка)
Органи на општините-обработка
План:
1.Органи на општината се: Совет на општината и градоначалник.
2.Советот го сочинуваат претставници на граѓаните кои се избираат со тајно гласање секоја 4 година.
3.Градоначалникот ја претставува општината и се избира секои 4 години, со тајно гласање. 
   - Градоначалникот ги реализира одлуките од советот.


Да се препише планот во тетратката по општество.




План за работа од дома
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:


Општество


24.3.2020
Локална заедница и локална самоуправа-обработка

26.3.2020
Општини во РМ и во град Скопје-обработка- ИКТ


Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците

24.3.2020
Да го сфати поимот општина како заедница на луѓе кои живеат на определено место,т.е. како локална заедница во која има локална самоуправа;

26.3.2020
Да го сфати поимот општина како заедница на луѓе кои живеат на определено место,т.е. како локална заедница во која има локална самоуправа;

Вовед во активноста

24.3.2020
Следи ИКТ презентација со интерактивно обработување на новата наставна единица. Значи појаснуваме што е локална заедница и локална самоуправа, бидејќи општината е организирана како локална заедница и е единица на локалната самоуправа.

26.3.2020
План.
1.Нашата татковина брои вкупно 84 општини од кои 33 се со седиште во град, а 41 се со седиште во село, а останатите се во град Скопје.
2.Градот Скопје е поделен на 10 општини.
3.На чело на секоја општина стои градоначалник.
4.Нашето училиште се наоѓа во општина Кисела Вода.


Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

IVб одд


IVв одд


https://docs.google.com/presentation/d/1lbNcTqjbdBLjKzRyFcd2ikxt14Pc9D_jd_bm7ET6dlc/edit#slide=id.p1


https://docs.google.com/presentation/d/14ml39Lg5tLH161CvYMm59b_7Xq2PGalo5z-pIkrHvIo/edit#slide=id.p1

Тематски тест по општество „Населби и живеалишта“

Стиснете подолу на дадениот линк и логирајте се со име и презиме на ученикот (задолжително) и password:12345 и започнете со решавање на тестот.
Напомена: Имате право само на едно логирање и решавање на тестот во времетраење од 40 минути, со стискање на копчето submit односно крај го затворате тестот и резултатите ги добивате веднаш, а истите ги добиваме и ние наставниците како повратна информација. Ве замолуваме помогнете им само при логирање и отворање на тестот, а потоа оставете ги учениците самостојно да го решаваат истиот.

testmoz.com/2564423



Тематско повторување: „Населби и живеалишта“

Повторување на темата „Населби и живеалишта“ преку препишување и одговарање на прашањата во тетратката по општество. 



Тема: Живеалишта и населби

Ниво на препознавање             Заокружи ја буквата пред точниот одговор

1.На левата страна од улиците ,куќите или зградите се обележани со:
а) парни броеви       б)   непарни броеви         в)   немаат броеви                                               
2.За добро функционирање и решавање на тековните проблеми во стамбените згради или маала се одржува:
а) совет на родители          б)  наставнички совет      в)   куќен совет                                         
3.Соседи се :
а)наши пријатели    б)  наши роднини      в)   луѓето кои живеат најблиску до нас             
4.Маала се:
а) зградите и куќите што се наоѓаат што се наоѓаат до нашиот дом
б) соседните населби                      в) соседниот град/село                                                       
5.Градови се :
а) поголеми населби                 б)  сосема мали населби                                                           
6.Што е релјеф?
а) реките  б) надворешниот изглед на земјиштето  в) картографските бои  г) планините 
7.Релјефот во Република Македонија е:
а) претежно рамничарски             б) претежно планински            в) разновиден               
8.План е:
а)карта со ситен размер       б)  карта со среден размер      в) карта со крупен размер    
9.Географска карта е :
а) карта за играње            б)  карта за возење               в) карта изработена во најмал размер на која се прикажани планини,реки,езера,градови,држави,мориња                                                 
10.Планините на географските карти се означуваат со:
а) сина боја       б)  кафеава боја         в)   жолта боја                                                                   

Ниво на разбирање                         
 Дополни:

1.За добро функционирање и решавање на тековните проблеми во стамбените згради или маала, се одржува   _______________________ совет.                                                                                                  
2.Соседи се ______________________________________________________________

3.Маала се_______________________________________________________________

4.Сите луѓе што живеат во една населба се________________________ на таа населба,а  нивните домови се нивни ______________________________________
  
5.Според надморската височина населбите се делат на ________________________, _____________________________ и ____________________________________                                                                                                                                                                                                                           
6.Релјефот го сочинуваат сите _______________________________________________

7.Плановите се _________________________ со _______________________________ размер.      
                                                         
8.За да може да се прочита географска карта,треба да ги знаеме
___________________________________ и ___________________________________

Ниво на примена   
1.Опиши го релјефот на Република Македонија
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

2.Објасни што претставува географската карта
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

3. Што е релјеф и што го сочинува релјефот?
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

No comments: