МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК


8-10.6.2020 год.

План за работа за 8.6.2020 – 10.6.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставен предмет: Македонски јазик

1.Интерпретација на песната,,Во лето најубаво се сонува''стр.160
2. Детски изворчиња „На летен одмор“ стр. 159
3. Писмена вежба: ,,Каде ќе сонувам ова лето”
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
- Да се оспособува да се сфати и доживее содржината на песната.
-Да се оспособува да ги открива мотивот, поетските слики, порака и рима.
- Да се оспособува да се сфати и доживее содржината на расказот
-Да се оспособува да ја открие темата и логичките целини
-Да се оспособува да ја открие пораката и самостојно да прераскажува и да одговара на прашања
-Да се оспособува  правилно усно и писмено  да прераскажува.
- Да се оспособува да  раскажува доживеан настан и правилно и литературно да се изразува (усно и писмено).
Вовед во активноста
Прочитајте ја песната „Во лето најубаво се сонува“, неколку пати. Потоа разговарајте за вашите соништа во лето, што вие сакате да правите кога сте на летен распуст и каде најмногу сакате да одите.
Прочитајте го расказот и разговарајте за неговата содржина. Одредете ги логичките целини, тема, идеја и порака.
Разговарајте за тоа каде децата сакаат најмногу да го поминат летниот распуст.
Учениците нека напишат состав со целосни и јасни реченици, каде креативно ќе се изразат на тема „Каде ќе сонувам ова лето“.
Меил од наставникот
IVa одд

IV б одд:

IV в одд



1-4.6.2020 год.

План за работа за 1.6.2020 -5.6.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:


Македонски јазик

 Подготовка за годишен тест – Јазик, литература и лектира
Годишен тест – Јазик, литература и лектира
Интерпретација на бајката „Водната самовила“ стр.154
Интерпретација на песната,,Во лето најубаво се сонува''стр.160


Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
Да се оспособува да ги повтори, утврди и прошири стекнатите знаења од областа на подрачјето јазик, литература и лектира
Да се оспособува да ги повтори, утврди и прошири стекнатите знаења од областа на подрачјето јазик, литература и лектира
Да се оспособува да се сфати и доживее содржината на бајката. Да се оспособува да ја открива темата, логичките целини и пораката. Да се оспособува да одговара писмено на поставени прашања во врска со текстот. Да се оспособува да раскажува текст со менување на особините на главниот лик
. Да се оспособува да се сфати и доживее содржината на расказот. Да се оспособува да ја открие темата и логичките целини. Да се оспособува да ја открие пораката и самостојно да прераскажува и да одговара на прашања. Да се оспособува  правилно усно и писмено  да прераскажува.
Да се оспособува да се сфати и доживее содржината на песната.
Да се оспособува да ги открива мотивот, поетските слики, порака и рима
Вовед во активноста
 Повторување и утврдување на стекнати знаења од областа на јазик и литература во тек на целата учебна година. Учениците ги проверуваат своите стекнати знаења, ги прошируваат и утврдуваат преку содржините на тие теми од учебникот и тетратките по македонски јазик.
Самостојно одговарање на дадените прашања, кои се состојат од селектирање  на дадени одговори.Годишниот тест ќе биде поставен на блогот како и досега.
Разговор за тоа дали децата веруваат во самовили и други волшебни работи.
Изразно читање на  бајката и разговор за содржината. Откривање на темата на текстот.Читање од страна на учениците и откривање на логичките целини и пораката.
Пишување  на план  во тетратките.
Одговор (усно) на прашањата од учебникот.
Раскажување  на текстот  со менување на особините на главниот лик во тетратка.
Разговор за летото,и како учениците го поминуваат.
Изразно ја читaaт песната и разговор за содржинатa преку прашања Откривање на мотивот во песната. Читање од страна на учениците и откривање на поетските слики и пораката. Запишување на план  во тетратките.
Откривање  на римата во песната.Потоа изработуваат двоен прозорец во кој преку цртеж се претставуваат себеси  како си ги поминуваат деновите досега , а како во летниот период.
Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

IVб одд       onlinebutterfly4@gmail.com


IVв одд







26-29.5.2020 год.

План за работа за 26.5.2020 – 29.5.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставен предмет: Македонски јазик

1. Интерпретација на песната „Имиња“ стр.156      
2. Пишување на песна за сопственото име ИКТ
3. Интерпретација на расказот „Роденденски воздишки“ стр.152
4. Подготовка за годишен тест – Јазик, литература и лектира
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
- Да се оспособува да се запознаат со содржината на песничката,како и да се направи содржинска анализа на истата, да напишат дел од пораките.
- Да умеат да создадат песна за сопственото име во форма на акростих
- Да се оспособува да се запознае со ликот и делото на писателот;
-Да се оспособува да се сфати и доживее содржината на расказот, да ја открие темата, погичките целини и пораката, да го открие времето и местото на настанот.
- Да се оспособува да ги повтори, утврди и прошири стекнатите знаења од областа на подрачјето јазик, литература и лектира
Вовед во активноста
Пребарајте на интернет и поразговарајте со учениците што значи нивното име.
Прочитајте ја песната „Имиња“ на стр. 156, напишете поетски слики и пораката која ја ноци песната.
Потоа одговорете на следните прашања во тетратката:

1.     Кои сопствени именки ги сретна во песната?
2.     Пронајди ги придавките што ги објаснуваат имињата и желбите на поетот.
3.     Пронајди ги споредбите за Драган, Цвета, Петко, Верче, Снеже, Ленче, Борче, Гордана и Менче.

Во тетратката да се напише песна за сопственото име (акростих)
Поразговарајте си и потсетете се за тоа како и каде сте ги прославувале родендените.
Прочитајте го расказот изразно. Поразговарајте за неговата содржина, а потоа извлечете и главни мисли. Во тетратката запишувате:

Тема: Воздишките на роденденската забава.
План:
1.Големите и убави торти.
2.Тортата е исечена.
3.Воздишките за роденденската забава.
Време: За време на роденденот
Место: Во дворот.
Порака: Не барај мана во сите работи.)

Прелистувајќи ги учебникот и тетратката по македонски јазик се потсетувате и го повторувате материјалот поминат во текот на учебната година.

Меил од наставникот
IVa одд

IV б одд:

IV в одд




18-22.5.2020 год.

План за работа за  18.5.2020 -22.5.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:


Македонски јазик

 1. Забавна традиција-гатанки, брзозборки и поговорки
2. Правописни знаци – Наводници (Јазик) стр.145 ИКТ
3. Интерпретација на лектирна творба
4. Интерпретација на лектирна творба
5. Читање на текстови и песни за Кирил и Методиј ИКТ

Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
Да се оспособува   да се запознаат со правописниот знак-наводници, како и нивната правилна употреба во различни ситуации.
-да знае што се народни умотворби и да знае што се гатанки,брзозборки,пословици и поговорки
-Да се оспособува да ја открива тематско-идејната основа во делото.
-Да се оспособува да врши локализација на настаните по време и простор
-Да се оспособува да одговара и да поставува прашања во врска со прочитаниот текст.
-Да се оспособува аргументирано да  говори за ликовите и настаните на текстот.
Самостојно да чита текстови преку кои ќе се запознае со животот и делото на Свети Кирил и Методиј и да разговара за нив;
Вовед во активноста
 Ова е повторување за гатанки, брзозборки и поговорки кои веќе ги изучивме.
  Што се гатанки?
Гатанки се куси творби кои поттикнуваат на размислување (прашување и погодување). Учениците даваат одговор.
  Што се брзозборки?
Брзозборки се зборови кои се изговараат брзо, неколку пати и при изговораот се прават грешки и создаваат весело расположение. Ученикот кажува научени брзозборки и бара некој да ги повтори.
  Што се пословици?
Пословиците искажуваат мудрост. Составени се од два дела. Во првиот дел е искажан општиот суд,а во вториот дел е пораката
Читање на гатанки,пословици и брзозборки.
Повторување за правописни знаци. Обработка на новата содржина преку примери:
Ја купив книгата ,,Ѕвездени перничињаод Славка Манева.
Утре ќе пеам на ,,Златно славејче. Мама вели:,,Не седнувај на маса, ако не ти се измиени рацете.  Јас живеам на улица ,,Волгоградска.
Заклучок и правење грозд.
*Наводници употребуваме кога пишуваме наслови на книги, списанија, весници („Златното фенерче на летото”,   „ Гоце Делчев”,  „Развигор”, „Теа”, „Време”, „Наш свет”, „Дневник” и др.)
- Имиња на емисии, филмови, театарски претстави, манифестации: „Троја”, „Убавицата и зверот”, „Златно славејче”, „Голем одмор” и др.)
- Имиња на улици, хотели, фирми, институции, фабрички марки: ул. „Вич”, „Континентал” „Мериот”, „Мк. телекомуникации”, ООУ„ Кочо Рацин” , „опел”, „ рено”, „мерцедес”
- кога се наведуваат туѓи мисли и зборови:
Бев кај баба ми, а таа ми рече: „Леле, колку си пораснала”.
-Зборови во иронија: И најпосле ете го „јунакот! ”
Активности во тетратка, преку пишување дадени реченици во кои треба да се стават наводници.Работа според барањата од стр.145.
Со оглед на вонредната состојба и  online наставата, потребно е да се прочита книга што ќе одговара на возраста на децата (ако сте во можност да најдете некоја од лектирните дела што не се обработени), да се разговара за истата и да се изработи „Книга на приказната„, може куса PPT презентација или обработена во тетратка по македонски јазик.
Разговор за Кирил и Методиј Истражување на интернет за Кирил и Методиј за нивниот живот , нивните мисии, соработка и  создавање на првата словенска азбука. Читање на текстови кои учениците ги избираат за најинтересни.
Пишување на  глаголица и кирилица во тетратка..
Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

IVб одд       onlinebutterfly4@gmail.com


IVв одд




11-15.5.2020 год.

План за работа за 11.5.2020 – 15.5.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставен предмет: Македонски јазик

1. Прераскажување на приказната „Вредна лекција“
2. Интерпретација на песната „Зошто е сладок лебот'' стр. 146
3. Пишување состав по даден наслов „Кога мама меси леб”
4. Интерпретација на расказот „За еден Диме и неговата желба'' стр. 148
5. Довршување на расказот „За еден Диме и неговата желба''
Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
- Да се оспособува да прераскажува обработен текст.
-Да се оспособува да употребува правилни и јасни реченици.
-Да се оспособува да го запазува хронолошкиот редослед на настаните.
- Да се оспособува да се запознаат со содржината на песничката,како и да се направи содржинска анализа на истата, да напишат дел од пораките.
- Да умеат да напишат состав според наведената тема,со јасни и целосни реченици, како и да употребат хронологија на настаните.
- да се сфати и доживее содржината на расказот,
-да ја открие темата и логичките целини,
-да ја открие пораката и самостојно да прераскажува
-Да умеат да напишат состав според наведената тема,со јасни и целосни реченици, како и да употребат хронологија на настаните.
Вовед во активноста
Учениците самостојно да ја прераскажат народната приказна запазувајќи го хронолошкиот редоследот на настаните, како и употреба на правилни и целосни реченици во тетратката по македонски јазик.
Откако ќе прераскажат нека ви го прочитаат напишаното.
Прочитајте ја песничката и во тетратките учениците нека го препишат следново:
Поетски слики:
1.Орачите и сејачите го прават лебот сладок.
2.Од срцата на житните зрна се прави вкусен леб.
3.Жегата го пече лебот.
4.Пекарите го прават лебот без почин.
5.Тешкиот леб со девет кори.
6.Секој што има добра душа, добар е како леб.
7.Слаткиот леб се прави со труд и радост.
8.Сите вредно  работат за сладок леб.

ЛЕБОТ Е ПОБЛАГ КОГА Е ЗАРАБОТЕН.

Запишете и одредени народни изреки  кои се однесуваат на лебот и поврзување на истите со секојдневниот живот.

Лежи лебу, да те јадам.
Ако се скрши лебот, лесно не се лепи.
Леб нема, манџа сака. Лебот сака потен грб.
Леб без квас не бидува.
Повторете за хронологија на настаните, како се пишува состав и на што да обрнат внимание во пишувањето.  Следува самостојна активност на учениците-пишување на писмен состав споредување дадената тема, со јасни и целосни реченици во тетратката по македонски јазик.
Ученикот да го прочита неколку пати текстот, а потоа да направи поделба на логички целини. А потоа во тетратката да запише: тема, план, ликови, порака. Преку анализа на наведениот текст, се открива желбата на Диме,-преку неговите цртежи.
Тема: Преголемата желба на Диме е да има сестричка.
План:
  1. Цртежот на Диме изобилува штркови.
  2. Големиот штрк со бебе во клунот на ѕидот од детската.
  3. Желбата на Диме е да има сестричка.

Прочитајте го текстот „За еден Диме и неговата желба“, а потоа самостојно во тетратката да го прераскажете текстот и да го довршите неговиот крај по ваша желба.
Меил од наставникот
IVa одд

IV б одд:

IV в одд



4-8.5.2020 год.

План за работа за 4.5.2020 -8.5.2020 г.
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:


Македонски јазик

Прераскажување на народната приказна „Царот и орачот“  стр.120  со менување на крајот ЈП (моќен завршеток )       
Интерпретација на расказот „Жителите на Охохо“ стр.142      
Пишување на писмо до жителите на Охохо 
Повторувам и се проверувам стр. 140
Интерпретација на приказната ,,Вредна лекција' стр. 141

Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
-да се оспособи самостојно да твори, да се оспособи писмено да се изразува при тоа применувајќи правописни и граматички правила
- да се сфати и доживее содржината на расказот,
-да ја открие темата и логичките целини,
-да ја открие пораката и самостојно да прераскажува;
Да се оспособува да научи како се адресира писмо.
Да се оспособува да составува писмо со правилни и целосни реченици.
Да се оспособува да ги повторува и утврдува  усвоените знаења од темата (синоними, антоними, забавана традиција (гатанки, брзозборки, поговорки), народни и стандардни-литературни зборови).
Да се оспособува да одговара и да поставува прашања во врска со прочитаниот текст.
Да се оспособува аргументирано да  говори за ликовите и настаните на текстот.
Вовед во активноста
Се потсетуваме на  поимот народна приказна (расказ чиј автор не е познат) и на содржината на народната приказна  „Царот и орачот“.
 Со помош на крајот од секоја приказна сите ние учиме за нешто што е правилно сторено, правилно кажано или некоја направена неправда е поправена. Во народните приказни секогаш победува правдината и  вистината што треба да го красат секој човек.
Преминувате на активноста  да се прераскаже приказната, но ќе треба да се смени крајот. Како помош на учениците им се запишани понудените начини за промена на крајот, а тие може да се одлучат за кој сакаат или пак да измислат нов, свој крај.
1. Орачот ги зел златниците, но ги кажал министрите на царот;
2. Не им го кажал  одговорот на министрите;
3. Министрите се искарале и истепале кој да му го каже одговорот на царот.
Учениците преминуваат на индивидуална работа (самостојно творат).
Разговор за изразот охо-хо, какво чувство искажуваме со овој израз.
Изразно го читаме расказот и разговор за содржината. Откривање на темата на расказот  и поделба на логички целини. Пишување план и откривање на пораката:
Тема:Животот на островите Охохо и Ех.
Содржина:
1.На островот Охохо луѓето живеат во изобилство.
2.Браќата Измен и Чизмен се протерани на пустиот остров Ех.
3.Тешкиот живот на браќата на островот Ех.
4.Повторното враќање на браќата на островот Охохо.
5.Молбата на жителите на Охохо, да одат на островот Ех.
Порака: Треба да го цениме она што го имаме. Добрината и богатството се гледаат само ако се доживеат и видат лошите работи.
Потсетување кој текстот го обработувавме претходниот ден и читање на текстот од страна на ученикот.Од ученикот се бара усно да го прераскаже текстот. Потоа следува пишување на писмо до жителите на островот Охохо, при што треба да објаснат дека жителите на планетата Земја не се караат и тепаат меѓу себе, туку дека учат и работат вредно и се почитуваат меѓу себе. Самостојно творење на ученикот во тетратка.
Самостојна работа на учениците (одговарање на прашањата и задачите на стр.140-Повторувам и се проверувам).
 Започнете со читање и анализирање на поговорката: Што ќе посееш, тоа ќе ти никне. Учениците ги изнесуваат своите мислења за истата. Што сееш во животот? Каков е вашиот однос кон своите најблиски, другарите, со луѓето што ги познаваат и тие што не ги познаваат? Како се однесуваат кон природата, и кон учењето?
 Активноста  продолжува со обработка на приказната. Ученикот ја чита приказната изразно. Преминува на обработка на содржината преку одговарање на прашањата. Што сееле селаните? Зошто на селаните секоја година им се раѓале се помали компири? Што сфатиле на крајот селаните? Каква била бербата наредните кодини?
Следно е прераскажување на содржината на приказната од страна на учениците . Потоа учениците во своите тетратки да запишат што тие научиле од оваа куса, но многу поучна приказна. Учениците работат самостојно.
Читање  на самостојната работа.
Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

Презентации
IVб одд       onlinebutterfly4@gmail.com


Линкови за активности
IVв одд




27-30.4.2020 год.

План за работа за 27.4.2020 – 30.4.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставен предмет: Македонски јазик

1. Интерпретација на лектирна творба     ИКТ
2.Интерпретација на песната „Игра со дете“ стр.130
3. Рецитирање на песната  „Игра со дете“ стр.130
4. Интерпретација на народната приказна „Царот и орачот“  стр.120 ИКТ
Според целите на програмата за прво одделение
ученикот/
учениците
а се оспособува да ја открива тематско-идејната основа во делото.
а се оспособува да врши локализација на настаните по време и простор
а се оспособува да одговара и да поставува прашања во врска со прочитаниот текст.
-Да се оспособува аргументирано да  говори за ликовите и настаните на текстот.
-Да се оспособува да открива поетска слика во лирска песна
-Да се оспособува да ја препознава споредбата како изразно средство (без дефиниција).
-Да се оспособува да ги открива сопствените чувства при читање лирски песни.
-Да се оспсобува  да ја разбира содржината на песната  и да зборува за неа.
-Да се оспособува да рецитира јасно, течно со правилна интонација и дикција.
-Да се оспособува  да врши анализа на текст  и да прави план на текстот.
-Да се способува да одговара и поставува прашања, да опишува ликови.
-Да се оспособува да ја открива пораката
на текстот.
Вовед во активноста
Со оглед на вонредната состојба и online наставата, потребно е да се прочита книга што ќе одговара на возраста на децата (ако сте во можност да најдете некоја од лектирните дела што не се обработени), да се разговара за истата и да се изработи „Книга на приказната„, може куса PPT презентација или обработена во тетратка по македонски јазик.
Најнапред ученикот ја чита песната и разговара за нејзината содржина. Во тетратката по македонски јазик го запишува план, тема, мотив и основно чувство:
1. Игра со рачињата и прстињата.
2. Скокотлива игра за прстињата, ножињата.
3. Именуваните прстиња.
Тема: Детските песнички и игри.
Мотив: Љубовта кон децата.
Основно чувство во песната: Да ги сакаме малите  децата, да им пружиме љубов, грижа, да играме   и  пееме со нив детски весели песнички.
Ученикот ја чита песната се додека не научи изразно, јасно, течно со правилна интонација и дикција да ја прочита. Оние кои се во можност можат да направат и аудио запис.
Зборувајте за народното творештво, потсетете се на неколку гатанки, поговорки, потоа прочитајте ја приказната „Царот и овчарот“, ученикот нека ви каже за што станува збор во неа и да напише кус план во тетратката. Потоа гледајте ја народната приказна на дадена на линкот подолу.
Меил од наставникот
IVa одд

IV б одд:

IV в одд




21-24.4.2020 год. 

План за работа за 21.4.2020 -24.4.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:


Македонски јазик

21.4.2020
 Забавна традиција-гатанки, брзозборки и поговорки стр.139
22.4.2020
Интерпретација на песната ,,Шушкач шушка-шутре душка'' и кажување на други брзозборки стр. 134
23.4.2020
Брзо изразно читање на песната ,,Шушкач шушка-шутре душка'' и кажување на други брзозборки ЈП (игри што изолираат или манипулираат гласови )
24.4.2020
Пишување на состав на тема „Сакам да бидам лекар“

Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
21.4.2020
-да знае што се народни умотворби и да знае што се гатанки,брзозборки,пословици и поговорки
22.4.2020
-да се сфати и доживее содржината на песната, да ги препознава именките и глаголите во песната
23.4.2020
-да ја чита брзо и изразно, самостојно да составува брзозборка
24.4.2020
-Да се оспособува самостојно да твори, да пишува состав на дадена тема . Да се оспособува да запазува редослед на настани, да се оспособува да употребува целосни и јасни реченици.
21.4.2020
   Учениците  по музичко образование  реализираа проектна активност во која  собираа  народни умотворби.Тие преку тоа се запозна  со народните умотворби. Вие јм  кажувате  поговорка, пословица, гатанка или  брзозборка, а учениците треба да кажат за каква умотворба станува збор.
  Следува работа во тетратка според барањата од учебникот стр. 139
 Колку научивме за народните умотворби ќе провериме преку игра „Забавна традиција“. Сите ученици треба  за 5 мин.,на лист да запишат што повеќе гатанки, поговорки, брзозборки или пословици. По 5 минути се пребројуваат запишаните умотворби.Учениците ги читаат гатанките, членовите на семејството  погодуваат. Кажуваат брзозборки брзо три пати едно подруго. Следува повторување преку прашања и одговори. Што се гатанки?
Гатанки се куси творби кои поттикнуваат на размислување (прашување и погодување). Учениците даваат одговор.
Што се брзозборки?
Брзозборки се зборови кои се изговараат брзо, неколку пати и при изговораот се прават грешки и создаваат весело расположение. Ученикот кажува научени брзозборки и бара некој да ги повтори.
Што се пословици?
Пословиците искажуваат мудрост. Составени се од два дела. Во првиот дел е искажан општиот суд,а во вториот дел е пораката.
Кажуваат пословици и ја препознаваат мудроста и пораката.
Вовед во активноста
22.4.2020
Изразно ја читаат песната и разговор за содржината.
 Објаснување на непознатите зборови.
(шипукна – збесна, штуре, штуро – празноглаво, шушлање – шушкање, да доуши – да сфати, да разбере, батали го – запостави го, напушти го, катил – многу лош ). Читање од страна на учениците и запишување во тетратките:
  Во песната најзастапена согласка е буквата Ш.
  Поетот во песната покажал весело расположение.
  Шушкачот е ветерот, а душкачот е кучето
  Во тетратките цртаат табела во која ги запишуваат именките со ш и глаголите со ш.
 Вежби во брзо читање на песната.
23.4.2020
 Изразно и брзо читање на песната од страна на ученикот.
Кажување  брзозборки брзо три пати едно подруго и се трудат точно и брзо да ја изговорат.
Пишување на брзозборка со повеќе зборови кои ја содржат буквата С.
Проверка и анализа.
 Одговор на прашањата  во тетратка.
24.4.2020
   Разговор за лекарската професија и лекарот. Опишување на неговите задачи, какви треба да бидат неговите карактерни особина и неизмерната љубов кон професијата. Преку  техниката  Бура на идеи (омилена кај нашите ученици) во која учениците ќе кажуваат описни придавки наменети за опис на лекарот.
  Доколку е потребно децата можат да истражуваат за оваа благородна професија на интернет.Би можеле да добијат повеќе информации за образованието и школувањето на еден лекар.
   Сето ова  дава соодветна насока за пишување на состав на тема „Сакам да бидам лекар“.
  Следува самостојна работа од страна на учениците и следење на истата.         Читање на составите од страна на учениците
Формативно вреднување

IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

Меил од наставникот
IVб одд       onlinebutterfly4@gmail.com


IVв одд














13-16.4.2020 год.

План за работа за 13.4.2020 – 16.4.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставен предмет: Македонски јазик

1. Интерпретација на песната „Птици“  стр. 123       
2.   Интерпретација на приказната ,,Лисицата, ежот и кртот'' стр. 136
3.Интерпретација на текстот,,Велигден'' стр. 132
4.  Анализа на текстот „Велигден“  
Според целите на програмата за четвртоодделение
ученикот/
учениците
-Да се оспособува да се сфати и доживее содоржината на песната.
 -Да се оспособува да открива мотив и поетски слики во песната.
-Да се оспособува да ја препознава споредбата  и да ги открива сопствените чувства при читање на песната.
-Да се оспособува да ја определи пораката и да ја пронајде римата во песната.
-Да се оспособува да  чита со разбирање.
-Да се оспособува да ја открива тематско-идејната основа во делото.
-Да се оспособува да врши локализација на настаните по време и простор.
-Да се оспособува да одговара и да поставува прашања во врска со прочитаниот текст.
-Да се оспособува аргументирано да  говори за ликовите и настаните на текстот.
-Да се оспособува да врши анализа на текст.
-Да се оспособува самостојно да прави план за анализа на текст.
-Да се оспособува да се сфати и доживаа содржината на текстот; да определува тема и логички целини;
-да определува порака
Вовед во активноста
Изразно прочитајте ја песната, внимавајќи на дикцијата и тонот со кој интерпретирате. Разговарајте за песната и откријте го мотивот, а потоа и поетските слики. Потоа следува откривање на пораката, римата и споредбата во песната.
Следново запишете го во тетратката по македонски јазик.
Мотив: Доаѓањето на пролетта
Поетски слики:
1.Лет како прекрасен танец.
2.Убавите песни се гласат.
3.На крилјата пролетта ја носат.
4. И полето и гората полични се со нив.
Порака: Убава е пролетта со птиците.
Рима: красат-гласат; галат-палат; тонат-гонат;
Споредба: птиците се споредени со ветрот.
Прочитајте ја приказната и поразговарајте за неа. Потоа препишете го планот во тетратката по македопнски јазик.
План:
1.Ежот и кртот се заортачиле.
2.Кавгата помеѓу ежот и кртот.
3.Пресудата на лисицата.
Тема:Заедничката работа на ежот и кртот.
Порака: Да не се караме, туку да размислуваме, зошто ќе изгубиме.
Поговорка: Двајца се караат, третиот користи.
Изразно прочитајте го текстот и разговарајте за содржината. Откријте ја темата. Препишете го планот во тетратките:
Тема: Прославата на Велигден во Вевчани.
Идеја: Велигден
План:
1.Децата убаво облечени за Велигден.
2.За Велигден во црква.
3.Дворот полн со лушпи од велигденски јајца.
Меил од наставникот
IVa одд

IV б одд:

IV в одд


6-10.4.2020 год.

План за работа за 6.4.2020 -10.4.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:


Македонски јазик

6.4.2020
 Зборови со слично или исто значење (Јазик) – стр.128
7.4.2020
Зборови со спротивно значење (Јазик)
8.4.2020
Препишување на текстот„Навреда“ со менување на зборови со исто, слично и спротивно значење
9.4.2020
Повторување  на тема-Се грижам за околината
10.4.2020
Kонтролна задача на тема-Се грижам за околината

Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
6.4.2020
Да се оспособува да се запознава со зборови со исто или слично значење. Да се оспособува да го збогатува речникот со зборови што имаат исто или слично значење збогатување на речникот –СИНОНИМИ, како зборови за  поголема сликовитост и прецизност во искажувањето.

7.4.2020
Запознавање со зборовите со спротивно значење-АНТОНИМИ и примена на истите за збогатување на речникот
8.4.2020
-Да се оспособува да го збогати речникот со зборови што имаат исто и спротивно значење
9.4.2020 Да се оспособува да се повтори и утврди усвоеното знаење за подмет, прирок-видови реченици по состав. како главни делови на реченицата.
10.4.2020 Да  се оспособува да ја проверува  и утврдува  усвоеноста на знаењата за подмет, прирок- како главни делови на реченицата.
Вовед во активноста
6.4.2020
Учениците во тетратка да запишат   две реченици:
1.Мила  секогаш е весела.
2. Мила секогаш е расположена.
 Доаѓаат до  заклучок што означуваат зборовите весела и расположена. ЗБОРОВИТЕ СО ИСТО ИЛИ СЛИЧНО ЗНАЧЕЊЕ се користат за да постигне поголема сликовитост и прецизност во искажувањето. Овие зборови се викаат СИНОНИМИ.
  Следува работа во тетратка според барањата од учебникот стр. 128
7.4.2020
 Повторување за синоними ( зборови со исто или слично значење, а се во различна форма ). Разговор за илустрациите во учебникот- ликови од кои едниот е весел, а другиот тажен. Надоврзување на тоа дека во македонскиот литератературен јазик постојат зборови со спротивно значење. Игра во парови-ученик и родител ( опис : висок- низок, слаб - дебел, добра – лоша, весел-тажен, богат-сиромав, умна-неумна, храбар-плашлив, голем-мал и сл. Запишување на паровите во тетратка.
     Разговор за напишаните зборови и работа според барањата од учебникот. Запишување на  заклучок: Сите овие зборови се со спротивно значење и се викаат АНТОНИМИ ( светло - темно, ден - ноќ, право - криво, болен - здрав, топло - ладно, солено - благо, затворен – отворен,  старо – ново;  долго-кратко;  големо – мало; убав – грд; студени – топли... итн. ).
    Вежби за примена на новостекнатите знаења според барањата од стр.129 во тетратка.
8.4.2020
Учениците го читаат текстот „Навреда“ и се потсетуваат на неговата содржина. Разговор  за текстот и воочување на зборовите кои може да имаат исто или слично значење. Следува самостојна работа по дадени барања т.е да се препише текстот со менување на зборови  со исто, слично и спротивно значење
9.4.2020 Самостојна работа на учениците преку повторување на содржините од учебникот вклучително и стр. 122 од учебникот.
Сите досега изучени јазични содржини  да се повторат и утврдат.
10.4.2020
- Самостојна работа на секој ученик според барањата од наставниот лист за проверка на знаењата. Учениците  внимателно да ги читаат дадените прашања, да не брзаат и да размислуваат
Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

IVб одд       onlinebutterfly4@gmail.com

IVв одд



Повторувам и се проверувам -македонски јазик

Стиснете подолу на дадениот линк и логирајте се со име и презиме на ученикот (задолжително) и password:12345 и започнете со решавање на тестот.
Напомена: Имате право само на едно логирање и решавање на тестот во времетраење од 40 минути, со стискање на копчето submit односно крај го затворате тестот и резултатите ги добивате веднаш, а истите ги добиваме и ние наставниците како повратна информација. Ве замолуваме помогнете им само при логирање и отворање на тестот, а потоа оставете ги учениците самостојно да го решаваат истиот.








План за работа  (30.3-3.4.2020)
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение
Изработија: Вера Крстевска, Зорица Атанасовски

Наставна содржина
Наставен предмет:
Македонски јазик

 Медиумска култура – Дневен печат          ИКТ  
Интерпретација на песната „Априлска“ стр. 124
Писмена вежба :известување за настан во училиштето (Нашата Априлијада)
Читање и анализа на писмената вежба
Интерпретација на текстот „Навреда“ стр.126     ЈП (самостојно читање во себе)

Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците
Да  ја сфатат улогата и значењето на дневниот печат. Да развиваат навика за читање на детскиот печат
Да се  сфати и доживее содржината на песната,-Да  открива мотив и поетски слики во песната
Да се оспособува самостојно  и правилно да известува за настани и доживувања
Вовед во активноста
Да прочитаат текст по избор од детското списание „Либи“ или „Развигор“ и  да го прераскажат во тетратките.
Откривање на поетски слики и препишување на песната ракописно латиница. Илустрација на една поетска слика и изразно читање на песната најмалку 10 пати.
Извештајот  е форма на изразување во која се наведуваат тие податоци што се значајни за определена цел. Тука нема ништо лично, емоционално и се стреми кон реалноста, фактите, едноставниот израз т.е Потсетување за извештаите дека се опширни информации со сите значајни поединости и тие не информираат за различни настани, приредби и др. посети или екскурзии. Учениците треба да подготват (напишат) извештај за маскенбалот во училиштето кој треба да содржи:
-каде и кога се одржал маскенбалот, кој учествуваше во него, какви маски подготвиле учениците, кои беа најуспешни, која најмногу им се допаднала. (Бидејќи оваа година нема маскенбал нека напишат извештај за ланскиот доколку се сеќаваат).
Разговарате за содржината преку прашањата (Што те воодушеви во овој расказ? Од која реченица дознаваш дека старата црешна е навредена? Од кого чавката засрамено одлетала? Објасни како ја разбираш последната реченица!)
Самостојно читање во себе (учениците читаат во себе и со моливче ги бележат логичките целини). Самостојно прават план и локализација на настанот (време, место). Ги издвојуваат  ликовите и ги запишуваат нивните карактеристики. Писмено прераскажување на расказот според планот што го изработија самостојно и објаснување на значењето на непознатите зборови со помош на родителите)
Вежби во изразно читање пред родителите. (Читај со правилна интонација. Пробај да ја менуваш бојата на гласот за да ги имитираш чавката, ветрот и младата црешна).




План за работа за 23.3.2020 -27.3.2020
 Содржини и активности за работа  за четврто одделение

Наставна содржина
Наставен предмет:


Македонски јазик

23.3.2020
Интерпретација на песната „Моето село“
24.3.2020
  Продолжување на песната „Моето село“
25.3.2020
Презентација на реализираниот проект и книгата за рециклирање ИКТ
26.3.2020
Изработка на упатства за рационално користење на водата  ЕКО
27.3.2020
Видови на реченици според составот (проста реченица и сложена реченица)
Повторувам и се проверувам  стр.122

Според целите на програмата за четврто одделение
ученикот/
учениците 23
23.3.2020
Да открива поетска слика во лирска песна; да ја препознава споредбата како изразно средство (без дефиниција); да ги открива сопствените чувства при читање лирски песни.
24.3.2020
Да открива поетска слика во лирска песна; да ја препознава споредбата како изразно средство (без дефиниција); да ги открива сопствените чувства при читање лирски песни.
25.3.2020
да умеат да истражуваат за рационалното користење  на водата, истите да ги користат во животот, да даваат упатства за користењето на водата,
26.3.2020
да умеат да истражуваат за рационалното користење  на водата, истите да ги користат во животот, да даваат упатства за користењето на водата,
27.3.2020
Запознавање со видови реченици според составот
Да се оспособува да се повтори и утврди усвоеното знаење за подмет, прирок-видови реченици по состав.
Вовед во активноста
23.3.2020
читање на песната се додека не се научи на памет, самостојна анализа на формата  и содржината (откривање на мотивот, основното поетско чувство, поетски слики, стил и порака, рима, строфи, стихови) да се работи во тетратка.
24.3.2020
 да ја продолжат песната со неколку строфи, во кои ќе има примена на рима од зададените римувани зборови во учебникот)
25.3.2020
 Истражување за рационалното користење на водата  (Доколку има интернет) Изработка на упатства за рационалното користење на водата.
26.3.2020
Истражување за рационалното користење на водата  (Доколку има интернет) Изработка на упатства за рационалното користење на водата. Да се работи во тетратка.
27.3.2020
Што е реченица? Да ја напишет дефиницијата за реченица.
РЕЧЕНИЦИТЕ КОИ ИМААТ САМО ЕДЕН ПРИРОК СЕ  ВИКААТ ПРОСТИ РЕЧЕНИЦИ, пр. Лиле чита книга. Лиле е подмет, а чита е прирок.
Речениците во кои има два и повеќе прироци се СЛОЖЕНИ реченици. Лиле игра и пее. Лиле е подмет, а игра и пее се два прирока, затоа оваа реченица е сложена, во прилог една презентација и наставен лист. Ова да се препише во тетратка како планче за видови реченици. На стр. 122 да се прочита посоченото, но и да се одговори на дадените барања.
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

23.3.2020


24.3.2020

25.3.2020
26.3.2020




27.3.2020
Наставен лист

Формативно вреднување


Меил од наставникот
IVa одд        z.atanasovski.za@gmail.com

IVб одд


IVв одд











16.3.2020 год. ПОНЕДЕЛНИК

Главни членови на реченицата – Прирок
Јазични вежби за прирок и подмет


-Запознавање со главните членови на реченицата (воочување, препознавање и именување)-прирок;
-Оспособување за составување реченици со дадаен прирок;
-Утврдување и примена на знаењата за препознавање, пронаоѓање и употреба-примена на подмет и прирок.


Заедно со децата разгледајте ја презентацијата на дадениот линк подолу и при тоа појаснете им што е прирок и како го пронаоѓаме во реченицата (пр. Дарко пее. -Што прави Дарко?- ПЕЕ) Дообјаснување во учебникот по македонски јазик на страна 112.

https://docs.google.com/presentation/d/1B_jFviatbkDLX1oh9XwtbDmolu-2fCLtA6kpPzfW9Jk/edit?ts=5e6ed032

Пуштајќи ја втората презентацијата оставете ги децата самостојно да си играат и одговараат на дадените барања во истата.

https://docs.google.com/presentation/d/1EI4ijBBEcnZJ3Bo9QT-3EyRIgLUbXmZjKiJ69XCpS2k/edit#slide=id.p1

Самостојно пополнување на барањата на наставниот лист.

17.3.2020 год. ВТОРНИК

Интерпретација на драмскиот текст „Пластеса, Хартеса и Платнеса“

- да чита изразно уметнички и научно-популарни текстови на двете писма.
-да чита текст по улоги.
-самостојно да прави план за анализа на текст

        Разговарајте за чистотата во нашата околина, за проектите на собирање на ПЕП амбалажа и стара хартија. Што се случува со нив? Разговарајте за поимот рециклирање. Објаснете го неговото значење. 
Примена на техника „Бура на идеи“ во тетратката по македонски јазик каде учениците ќе набројуваат зборови кои асоцираат на екологија, чиста и здрава средина. Читање на текстот од страна на учениците 10 пати за да се сфати содржината.  Во тетратката запишуваат: Текст напишан по улоги за драмска изведба се вика драмски текст. Изразно читање на драмскиот текст по улоги се вика драмско читање.


18.3.2020 год. СРЕДА

Подготовка за реализација на проектот на паралелката

-да умеат да истражуваат, да ги претстават податоците;
-да знаат за рециклирањето како процес и кои материјали се рециклираат

       Разговарајте дека не е секој отпад ѓубре за фрлање и ако одделно се собира тој се преработува, се рециклира и од него се добиваат нови производи.  Се рециклира хартија, стакло, пластика, алуминиум, железо. Кажувајте во каква амбалажа се спакувани: млекото, сокот, паштетата, чоколадо, масло за јадење. РЕЦИКЛИРАЈ, СПАСИ ДРВО.
Учениците да истражуваат на интернет за рециклирање, да направат по неколку изработки од рециклиран материјал, истражувањата да ги запишат во тетратка.

19.3.2020 год. ЧЕТВРТОК

Интерпретација на песната „Писмо од децата на големиот град“

-да открива поетска слика во лирска песна;
-да ги открива сопствените чувства при читање лирски песни.

         Разговарајте за 21 Март, денот на екологијата и првиот ден на пролетта (неговото значење и манифестирање), ЕКОЛОГИЈА- науката која се занимава со проучување на промените на планетата Земја и тоа учениците да го запишат во тетратката по македонски јазик. Учениците да ја прочитаат песната, анализа на формата и содржината и во тетратка да запишат: определување на мотивот, основно поетско чувство, поетски слики, строфи и стихови, објаснување на непознатите зборови и извлекување порака (пораки). 

20.3.2020 год. ПЕТОК

Убаво пишување на песната „Писмо од децата на големиот град „Изработка на упатства за рационално користење на енергијата“ ЕКО

-да препишува кратки текстови или делови од текстови (од латиница на латиница, од кирилица на латиница, од латиница на кирилица);
а развива свеста за чиста околина и зелени делови-површини;
-да пишува со убав ракопис;

           Учениците треба да ја изразат својата креативност во убаво пишување на песната (убав ракопис, украсен лист). Следи самостојно пишување. Изработете ЕКО-плакат и упатства за рационално користење на енергијата (интересни и привлечни, кои ќе бидат истакнати на видно место со враќањето на училиште, за да ги поттикнат и другите да размислуваат еколошки.)



No comments: